Центропром - Скопје

Земјоделие

  • Компанијата на површина од над 45ха, има подигнато долгогодишен насад кој се состои од органски кајсии, круши, сливи, цреши, вишни, бадеми и фстаци.
  • Во рамките на насадот регистриран е расадник.
  • Компанијата е регистрирана за производство, трговија и увоз на садници.
  • Во наредниот период се планира инвестиција за изградба на објект во кој ќе се сортира собраното и откупено овошје и зеленчук, за пласирање и продажба на пазарот и тоа, во свежа состојба, за сушење, за пакување и за замрзнување.
  • Со тоа компанијата ќе го заокружи процесот и ќе биде извозно ориентирана.

Друштвото за производство, земјоделство, трговија и услуги „Центропром„ доо увоз-извоз Скопје За веб страна – во Делот Земјоделие, под веќе постоечкиот текст

Друштвото за производство, земјоделство, трговија и услуги „Центропром„ доо увоз-извоз од Скопје во својата развојна програма, направи долгогодишен инвестициски елаборат со кој одлучи да инвестира во земјоделството.

За реализација на таа цел побарана е соработка од Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“од Скопје и ангажиран е како советник проф. д-р Борис Ристевски, еминентен стручњак по овоштараство на Балканот и пошироко, а вработен е дипл. зем. инж. по лозарство и овоштарство г-дин Симоновски Крсте.

За површина од околу 45 ha и реализација на модерно земјоделско производство  инвестирано е во два трактори: Белорус со 82 КС и Њухоланд фиат со 55 КС, а набавена е и потребната прилкучна механизација: еднобразден, тробразден, седмобразден плуг, тањирача, тракторска приколка ИМТ, мотокултиватор ИМТ 509, цистерни, прскалки, сеалка и друга опрема.

Стручниот тим препорача риголовање-длабоко орање со плуг риголорер, на длабочина над 0.95-1 m.

Пролетта 2012 година, на риголованата површина извршена е парцелизација на редови со одредени садни места и се отпочна со  садење на диви подлоги, увезени со соодветен сертификат.

Во текот на вегетацијата младите подлоги се соодветно негувани, окопувани, плевени и наводнувани, со што се и адаптираа на сталното место.

Пролетта 2013 година извршено е калемење на дивите подлоги со сертифицирани калем гранки. Калемењето е извршено на лице место, на висина од 70 cm над земјата.Во текот на вегетацијата се негуваа, наводнуваа, ѓубрењето е извршено со арско ѓубре, се окопуваа и плевеа. На крај од вегетацијата добиени се најквалитетни питоми садници, одгледани на лице место.

Овие агротехнички мерки се спроведоа при подигање на сите овошни насади бадеми, вишни, кајсии, јаболки, круши, цреши, сливи, ореви и друго.

Насадот од Кајсијата (Prunus armeniaca) е подигнат на површина од 8 ha со сортите:

  • Роксана
  • Скопјанка
  • Литорал
  • Ерли дивајн
  • Харкот
  • НС – 3
  • Мраморка

  Насадот од Цреши (Prunuscerasus) е подигнат на површина од 3 ha со сортите:

  • Охридска цреша
  • Бурлатова
  • Стела

Насадот од Круши (Pyrus  communis)е подигнат на површина од 3 ha со сортите:

  • Виљамовка
  • Санта Марија
  • Туродонт
  • Норма
  • Кантарка
  • Трапезница
  • Абате фетел

 Насадот од Јаболка (Malus domestica)е подигнат на површина од 1 ha со сортите:

  • Мелба
  • Јонаголд
  • Муцо
  • Грени смит
  • Самрад
  • Јонатан
  • Делишес
  • Форина
  • Пинова
  • Гиндел голд
  • Боскоп
  • Пакум триумф
  • Рамдејс

 Насадот од Сливи (Prunus domestica) е подигнатна површина од 2 ha со сортите:

  • Чачанска рана
  • Чачанска родна
  • Чачанска лепотица
  • Стенлеј
  • Стривал
  • Блек дајмон
  • Слива – кајсија

Насадот од Бадем (Prunus amygdalus) е подигнатна површина од 7 ha со сортиte:

  • Ферењес
  • Тексас
  • Супер нова
  • Нон пареј

Насадот од  Вишна (Prunus cerasus)е подигнат на површина од 6 ha со сорти:

  • Облачинска
  • Битолска марела

Насадот од Oреви (Juglans nigra) е подигнат на површина од 3 ha со сортите:

  • Домашна сорта ( екотип)
  • Чендлер

На дел од овошниот насад „Св. Стефан“, на парцела од 1 ha, на место викано „Крст“ подигнат е расадник за производство на едногодишни и двогодишни садници за сопствени потреби, и за продажба.  Насадот е уредно пријавен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и е пропратен со соодветна документација и сертификати.

Подигнатиот расадникот и матичните насади се под континуиран надзор на професори од Факултет за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје (проф. д-р Станислава Лазаревска и проф. д-р Тошо Арсов).

Друштвото за производство, земјоделство, трговија и услуги „Центропром„ доо увоз-извоз од Скопје има соработка со институти за овоштарство од Србија, Турција и Бугарија, особено со Институтот за овоштарство од селото Јаболково Ќустендил и Институтот за овоштарство во Пловдив.

Во матичните насади се застапени питоми и диви овошни видови за производство на калем гранки, како и семки за производство на диви подлоги.

Во расадникот секоја година се произведуваат од 10.000 до 50.000 садници во зависност од сопствените потреби, но и потребите на пазарот.

Најзастапени во производството се овошните видови: цреши, вишни, бадеми, кајсии, круши, сливи, јаболка, рози (лакса) подлоги за јаболка ММ 104 како и подлоги од дуња БА 29.

Во иднина ќе работиме поинтензивно да се произведат садници од фстак и ореви.

Во матичните насади оматичени се овошни видови за производство на калем гранки питомки, како и диви подлоги јаболки, дуњи, круши, кајсии, бадеми, цреши, вишни на површина од 1 ha.

Фирмата е насочена во производство на садници од следните сорти:

  • Јаболко: мелба, форина, пинова,самрад, гиндел голд, пакум триумф, боскоп, јона голд, муцо, рамдерс, делишес,ајдарет, јонатан
  • Праска: ерли дивајн, венус
  • Слива: чачанска рана, чачанска лепотица,стривал
  • Слива-кајсија: ерли квинт, стенлеј, блек дајмонт
  • Кајсија: харкот, НЈ53, ерли дивајн, мраморка, скопјанка, роксана, НС3, литорал
  • Цреша: охридска, бурлатова, стела
  • Круша: еструдска, кристали, туродонтм, трапезица, абате фетел, кантарка, норма
  • Вишна: облачинска, битолска марела
  • Бадем: ферањес, тексас, супер нова
  • Орев: чендлер, домашен орев (екотип)

Идни Планови

Во делот земјоделие, фирмата до овошниот насад, планира да изгради откупен пункт, погон за сортирање, пакување во свежа и замрзната сосотојба,  и сушење на зеленчук, овошје, лековити растенија и зачини.

Истата преработка и сушење на храната ќе се изведува на најздрав начин кој не содржи конзерванси, со што целта е да пласираме храна која ги задржала хранливите и здрави особини на секој поединечен вид овошје и зеленчук.

За истите производи во план ни е да развиеме големопродажна и дистрибутивна мрежа со цел да сме достапни во трговската мрежа.

Стандарди

Квалитетот на производите е можен да се постигне преку соработка со индивидуалните производители и земјоделските задруги. Истовремено со пратење, воведување и следење на највисоките светски стандарди во производство.

Галерија