Планинарски клуб Центропром

Планинарскиот клуб – Центропром, како Здружение на граѓани, регистриран е на 24.03.2003 година, и го носи истоимениот назив на фирмата Центропром, Скопје.

Целта на клубот е заинтересираните вработени како и друѓи граѓани од Република Македонија, и странство рекреативно да планинарат и да учествуваат на разни планинарски манифестации во земјата и светот. Исто така, членовите имаат можност да учествуваат на освојување трансферзали, натпревари за ориентација, лига на планински маратони на регионални, државни и меѓународни  активности и натпревари.

Клубот – друштвото, Центропром, има своја годишна програма која е направена со избор на најдобрите акции во земјата и странство, а во соработка со другите друштва во Македонија, соседните и други држави.

Клубот, во текот на долгогодишното работење има добиено над сто признанија и пофалници, како и освоено први, втори и трети места, поединечно и екипно во јуниорска и сениорска, машка и женска конкуренција на натпревари во планински маратон.

Контакт:   pd_centropromskopje@yahoo.com