За Центропром

“Центропром” доо увоз – извоз Скопје, друштво за производство, земјоделие, трговија и услуги е компанија со 30 годишна традиција, формирана е во почетокот на 1990 година.

Компанијата е продолжеток на семејна традиција од над 134 години.

Во зависност од временските периоди и општествено политичките уредувања, фирмите се бавеле со различни дејности и во различни држави и градови: Солун, Комотини, Кавала, Деде Агач, Софија, Скопје, Одрин и државите: Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, Царство Бугарија, Кралство Грција, Република Турција, Социјалистичка федеративна Република Југославија, Република Македонија.

Компанијата е во приватна сопственост, регистрирана е општа клаузула бизнис.

Компанијата од 1990 година, многу успешно, со исклучиво свои средства,

опстојува на пазарот.

Од основањето, до денес, комапанијата ја водат високостручни и квалификувени кадри. Образованието и практичното образование на кадрите, се аспекти за кои постојано се води сметка. Компанијата е раководена од професионалци со долгогодишно искуство и знаење во трговијата и дистрибуцијата.